• петок, 22 ноември 2024

Новости околу запомнувањето на „Чет-ГПТ“

Новости околу запомнувањето на „Чет-ГПТ“

Лос Анџелес, 14 февруари 2024 (МИА) - „Чет-ГПТ“ добива нова можност за запомнување, што значи дека ќе може „да се потсети“ на претходните разговори, а со тоа, идните виртуелни разговори ќе бидат пополезни за корисниците.

Во иднина, корисниците ќе можат да бараат од чет-ботот да се потсети на нешто од минатото и самостојно да ги собира податоците. Запомнувањето ќе се подобрува колку што повеќе се користи, па со текот на времето корисниците ќе забележуваат сè повеќе разлики - во позитивна смисла. Новата функција сè уште е во фаза на тестирање и е достапна за мал дел корисници. Проширувањето на употребата сѐ уште не е испланирано. Сепак, компанијата „Опен-АИ“ најави повеќе подробности наскоро.

Ова ќе биде корисно кога корисникот ќе сака „Чет-ГПТ“ да запомни подробности за него и за луѓето што ги интересираат тие исти нешта, а сè тоа заради поголема достапност на податоците во иднина.

Новата функција на „Чет-ГПТ“ овозможува и „да го заборави“, т.е. избрише она што корисникот ќе го одбере - со гласовна команда. Корисниците ќе можат да прегледуваат и бришат различни податоци.

Покрај тоа, ќе може да се користат и привремени разговори без запомнување. Овие разговори нема да се појават во историјата на преписката, нема да бидат запомнети и нема да се користат за учење на модулите на „Опен-АИ“. Запомнувањето може да се исклучи во поставките во секое време, со тоа што - додека оваа опција е исклучена, корисниците нема да можат да создадат или користат зачувани информации.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан