• понеделник, 23 декември 2024

Новоизбраните обвинители во ЈОРСМ, ОЈО ГОКК и ВЈО Скопје потпишаа свечена изјава

Новоизбраните обвинители во ЈОРСМ, ОЈО ГОКК и ВЈО Скопје потпишаа свечена изјава

Скопје, 14 јули 2023 (МИА) - Шест од седумте новоизбрани обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Основното обвинителство за гонење организиран криминал и Вишото јавно обвинителство Скопје денеска потпишаа свечена изјава во Судскиот совет.

Станува збор за обвинителките Наталија Тасевска и Елвин Вели кои беа избрани во ЈОРСМ, Оливера Проеска и Милица Гаврилова од ОЈО ГОКК и Наташа Гоџоска и Артан Ајро од ВЈО Скопје.

Изјавата денеска не беше потпишана единствено од кандидатката Верица Бержетска Крстева од ОЈО ГОКК, која, како што информираа од Советот, била на пат.

Во Советот денеска беа потпишани и изјавите од седдумината новоизбрани јавни обвинители во Основните јавни обвинителства во Скопје, Гостивар и Кавадарци. ар/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан