• понеделник, 23 декември 2024

Новогодишни подароци за децата од групниот дом во Козле во Карпош

Новогодишни подароци за децата од групниот дом во Козле во Карпош
Скопје, 31 декември 2020 (МИА) - Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, младите од малиот групен дом во Козле добија новогодишни пакетчиња и фудбалски топки. Овие подароци беа доделени од градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претставници од организацијата „Open fun football schools – Macedonia“. Како што соопштија од општинат, младите и градоначалникот договориле понатамошна соработка. Предвидени се посети на домот од страна на истакнати личности во заедницата, кои ќе ги мотивираат децата уште повеќе да учат, да создаваат и да веруваат во себе. -Среќен сум што денеска сме тука, во овој групен дом, во Козле, да си посакаме среќна и успешна Нова година. Знам дека дел од учениците посетуваат и општински основни училишта. Изминатава година и тоа како се трудевме да овозможиме онлајн настава за сите ученици, па се надевам дека првото полугодие го поминавте без поголеми проблеми, истакнал градоначалникот Богоев. Општина Карпош ги повика сите граѓани на одговорно одбележување на празниците. Да празнуваме со најблиските, без големи собири и групирања. - На последниот ден сме од 2020 година. Станува збор за година која сите сакаме да ја заборавиме и од утре, да се надеваме дека влегуваме во подобра 2021 за сите нас. Овој период од годината нѐ потсетува дека треба секојдневно да бидеме хумани и солидарни и да даваме помош на оние на кои им е најпотребно, се наведува во соопштението на Општината.бт/са/

Остани поврзан