Новогодишен хепенинг во Гостивар, доделени над 600 пакетчиња за децата
- Во организација на хуманитарното здружение на граѓани „Д-р Трајче Нешковски“ на градскиот плоштад се одржа предновогодишен хепенинг под мотото „Насмевка за секое дете“ за најмладите од гостиварските градинки и училишта.

Гостивар, 25 декември 2023 (МИА) – Во организација на хуманитарното здружение на граѓани „Д-р Трајче Нешковски“ на градскиот плоштад се одржа предновогодишен хепенинг под мотото „Насмевка за секое дете“ за најмладите од гостиварските градинки и училишта.
Најмладите во присуство на родители, наставнички и учителки учествуваа во забавата со маскоти на дедо мраз и ликови од цртаните филмови.
- Со овој настан и предновогодишна забава за децата придонесуваме да се создаде празничната атмосфера и да предизвикаме радост и насмевки кај нашите најмлади сограѓани, рече Ема Нешковска од ХЗГ „Д-р Трајче Нешковски“.
На хепенингот покрај дружењето и заедничко фотографирање, на децата кои дојдоа им беа поделени над 600 новогодишни пакетчиња кои ги обезбеди здружението од средства кои се прибриани со хуманитарни настани и донации. згм/дма/
Фото: МИА