Новогодишен концерт на велешкото Музичко училиште „Стефан Гајдов“
- Синоќа во преполната сала на големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес традиционален Новогодишен концерт со класична и народна музика изведоа учениците од сите класи на инструменти од Основното општинско Музичко училиште „Стефан Гајдов“.
Велес, 25 декември 2025 (МИА) - Синоќа во преполната сала на големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес традиционален Новогодишен концерт со класична и народна музика изведоа учениците од сите класи на инструменти од Основното општинско Музичко училиште „Стефан Гајдов“.
Концертот го започна Хорот на ООМУ „Стефан Гајдов“ со „Зимска песна“, „Радост за нас“ ,„Божиќно дрвце“, под водство на проф. Славица Ставрева. Потоа ученици самостојно или во дует на клавир, виолина, виолончело и гитара изведоа познати дела од класиката.
Свој настаап имаше и оркестарот на Традиционални инструменти на музичкото училиште под водство на професорот Трајче Малинов кој свиреше и пееше стари македонски народни песни.
На крајот настапи Оркестарот на ООМУ „Стефан Гајдов“ со виолини, виолончело под водство на проф Златко Андреев на кларинет и Елена Ѓорѓиевска на виолина со изведба на популарни мелодии од Чајковски, „Манис Валцер“ и за крај „Серенада“ и „Ѕвончиња“.ад/вј/
Фото: МИА