• петок, 14 јуни 2024

Нови 133 заболени и 156 оздравени пациенти од КОВИД-19

Нови 133 заболени и 156 оздравени пациенти од КОВИД-19
Скопје, 19 април 2022 (МИА) - Во последните 24 часа од направени 1.833 тестови регистрирани се 133 нови случаи на КОВИД-19, од кои 20 се реинфекции, има 156 оздравени пациенти и нема починат, но преку Мој Термин е пријавено едно починато лице во болнички услови на 8 април, информира Министерството за здравство Согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новите случаи на КОВИД-19, 78 се од Скопје, по што следат Битола со 16, Велес 14, Тетово 6, Прилеп и Охрид по 3, Кавадарци, Струмица и Берово по 2 и Куманово, Гостивар, Кичево, Неготино, Радовиш, Делчево и Валандово по 1. Од оздравените пациенти 97 се од Скопје, 21 од Битола, од Кавадарци и Куманово по 6, Прилеп и Охрид по 4, Тетово и Ресен по 3, Кичево и Свети Николе по 2 и Велес, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Делчево и Кратово по 1. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Струга (73г), починато во болнички услови, пријавено на 08.04.2022 година. Досега во земјава се направени вкупно 1.999.002 тестирања на КОВИД-19, а од  почетокот на епидемијата регистирани се 308.752 КОВИД-дијагностицирани лица, бројот на оздравени пациенти е 298.688, на починати е 9.263, а бројот на активни случаи изнесува 801. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 145105, Активни 444 Куманово 16611, Активни 7 Битола 15147, Активни 122 Прилеп 14112, Активни 34 Тетово 13445, Активни 13 Кавадарци 10604, Активни 24 Велес 9742, Активни 29 Гостивар 9570, Активни 18 Охрид 8815, Активни 20 Струмица 8044, Активни 20 Штип 8001, Активни 16 Кичево 5599, Активни 6 Кочани 5070, Активни 3 Струга 4711, Активни 7 Гевгелија 4396, Активни 6 Неготино 3673, Активни 6 Ресен 2710, Активни 3 Свети Николе 2623, Активни 0 Радовиш 2527, Активни 7 Крива Паланка 2413, Активни 0 Делчево 1970, Активни 4 Дебар 1673, Активни 0 Берово 1642, Активни 4 Валандово 1481, Активни 1 Виница 1386, Активни 2 Пробиштип 1265, Активни 1 Богданци 1019, Активни 0 Кратово 962, Активни 0 Крушево 928, Активни 2 Демир Хисар 828, Активни 1 Македонски Брод 736, Активни 0 Демир Капија 591, Активни 0 Македонска Каменица 522, Активни 0 Пехчево 486, Активни 1 Дојран 345, Активни 0. вј/сп/

Остани поврзан