• понеделник, 23 декември 2024

Нови 100 случаи на Ковид-19, починати 11 лица, оздравени 551

Нови 100 случаи на Ковид-19, починати 11 лица, оздравени 551
Скопје, 8 јануари 2021 (МИА) - Во последните 24 часа регистрирани се нови 100 случаи на Ковид-19 од направени 764 тестирања. Починати се 11 лица од кои најмладиот на 41 година. Институтот за јавно здравје регистрира 551 оздравен пациент.
Од новозаболените, 47 се од Скопје, 12 се од Дебар, 10 во Тетово, а во останатите градови регистриран е едноцифрен број на новозаболени.
Од починатите, тројца се од Скопје (67, 72 и 67г), еден од Тетово (68г), еден од Гостивар (78г), еден од Крива Паланка (84г), еден од Кочани (41г), еден од Демир Хисар (72г), еден од Македонски Брод (78г) и двајца пациенти од Делчево (80 и 60г). Само еден пациент е починат вон, а останатите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 85.594, бројката на оздравени пациенти е 66.760, на починати е 2.592. Бројот на активни случаи изнесува 16.242. Досега во земјата се направени вкупно 411.804 тестирања. бак/нд/

Остани поврзан