• понеделник, 23 декември 2024

Нови простории за две општински установи во кампусот на УЈИЕ во Тетово

Нови простории за две општински установи во кампусот на УЈИЕ во Тетово
Тетово, 11 март 2022 (МИА) - На Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово адаптирани се простории во кои во иднина ќе функционираат две општинските тела - канцеларијата за локален еконономски развој (ЛЕР) и Јавното претријатие за превоз на патници „Тетово транспорт“. Академскиот кадар на УЈИЕ ќе дава поддршка и менторирање на вработените во општинската администрација во насока на изнаоѓање на фондови и проекти во насока за потребите на локалната самоуправа. - Благодарение на одличната соработка, денеска во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа свечено ги отворивме новите канцеларии на секторот за Локален Економски Развој и ЈП „Тетово Транспорт“. Отворањето нови простории беше и едно од моите изборни ветувања. На граѓаните ќе им бидат овозможени ефикасни и вистински услуги, истовремено создавајќи нови работни простории за над 30 вработени, порача градоначалникот Биљал Касами. Канцелариите на ЛЕР и ЈП „Тетова Транспорт“ - Тетово се ноаѓат во објектот број 701 на УЈИЕ. ас/мс/

Остани поврзан