• петок, 05 декември 2025

Нови превентивни мерки на битолскиот општински Кризен штаб

Нови превентивни мерки на битолскиот општински Кризен штаб

Битола, 20 ноември 2025 (МИА) - Во Општина Битола се одржа нова работна средба на Кризниот штаб, со која раководеше претседателот на Советот на општината, Бојан Бојкоски, информираа од тамошната локална самоуправа.

Од секторот за односи со јавност посочија дека извршена е координација меѓу јавните претпријатија и утврдени активности за наредниот период.

-Локалните екипи продолжуваат со континуирана работа и чистење на терен на сите критични локации со механизација, во пресрет на најавените врнежи од дожд за време на викендот. Јавните претпријатија се на располагање за навремено реагирање на терен со соодветна механизација и работна сила, информираа од Општина Битола. мт/дма/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан