Нови еколошки мерки на „Кока-кола“
- „Кока-кола“ си постави цел до 2030 година - 25 отсто од нејзините пакувања да бидат повторно употребливи и поеколошки, на светско ниво.

Лос Анџелес, 11 февруари 2022 (МИА) - Американската компанија „Кока-кола“ си постави цел до 2030 година - 25 отсто од нејзините пакувања да бидат повторно употребливи и поеколошки, на светско ниво.
Ова го поздравија еколошките здруженија ширум светот, коишто според наводите, сметаат дека производителот на газирани пијалаци е еден од главните виновници за пластичното загадување на природата. Според годишниот извештај на организацијата „Ослободи се од пластиката“ (Break free from plastic), „Кока-кола“ четврта година по ред е најголемиот пластичен загадувач во светот.
Организацијата, чистејќи во 45 земји откри речиси 20.000 парчиња ѓубре од производите на „Кока-кола“, што е повеќе од отпадот од производите од „Пепси ко“ и „Јунилевер ПЛЦ“ заедно.