• недела, 22 декември 2024

Нови дигитални табли во средното училиште „Марија Кири - Склодовска“

Нови дигитални табли во средното училиште „Марија Кири - Склодовска“

Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) - Град Скопје го реализираше проектот за опремување кабинети со компјутери за сите скопски средни училишта за поквалитетно изведување на наставата и можност наставниот кадар во целост да ги извршува своите обврски на работното место, соопштија од Градот.

Како што се наведува во соопштението со нови дигитални табли поставени во средното училиште на Град Скопје „Марија Кири - Склодовска“ опремени се дополнителни 10 училници со што се креираат услови за унапредување на наставниот процес.

- Поставувањето нови смарт уреди е дел од проектот за осовременување на училиштата, со што преку стимулирање на дигиталните вештини и знаења ќе се овозможи дополнително унапредување на наставниот процес, се вели во соопштението од Град Скопје. 

Во средното училиште на Град Скопје „Марија Кири - Склодовска“ годинава настава посетуваат 1725 ученици, кои со дигиталните уреди имаат можност за следење на наставата и за работа во согласност со современите текови. мд/ац/

Фото: Град Скопје 

Остани поврзан