Новите амбасадори во Франција и во Хрватска ќе ги претстават платформите за своите дипломатски активности
- На седница на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија денеска своите платформи за дипломатските активности ќе ги претстават вонредните и ополномоштени амбасадори на државава во Француската Република, Игор Николов и во Република Хрватска, Драган Ѓурчевски.
Скопје, 14 јули 2025 (МИА) - На седница на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија денеска своите платформи за дипломатските активности ќе ги претстават вонредните и ополномоштени амбасадори на државава во Француската Република, Игор Николов и во Република Хрватска, Драган Ѓурчевски.
Пред членовите на Комисија за надворешна политика и надворешна трговија се и Предлог на законот за ратификација на Договорот за Централноевропската програма за размена на универзитетски студии (ЦЕЕПУС IV), Предлог на законот за ратификација на Договорот за пристап до високо образование и прием на студии во Западен Балкан и Предлог на законот за ратификација на Договорот за стратешка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Унгарија.
Во Собранието денеска ќе заседава и собраниската Законодавно правна комисија, која ќе одржи две седници. На дневен ред на двете седници се - Предлог на законот за изменување на Законот за научно-истражувачката дејност, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, на Законот за воздухопловство, на Законот за здравственото осигурување, сите по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура - прво читање. Исто така и Предлог на законот за внатрешни работи - прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за полиција - прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за метрологијата - прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, по скратена постапка, Предлог на законот за ратификација на Договорот за Централноевропската програма за размена на универзитетски студии (ЦЕЕПУС IV), Предлог на законот за ратификација на Договорот за пристап до високо образование и прием на студии во Западен Балкан и Предлог на законот за ратификација на Договорот за стратешка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Унгарија. фф/лв/
Фото: МИА Архива