• понеделник, 01 јули 2024

Новиот хрватски Сабор ќе има 35 пратенички

Новиот хрватски Сабор ќе има 35 пратенички
Загреб, 6 јули 2020 (МИА) - Во новиот состав во храватскиот Сабор, што има 151 мест, според неофицијални резултати, избрани се 35 жени од различни политички партии, што е многу поголема бројка од претходно. На парламентарните избори во 2016 година беа избрани 19 пратенички, а до крајот на мандатот нивнио број се искачи на 29. Можно е и зголемување на бројот на жените и во 10. состав на Саборот, откако ќе се формира влада, а дел од пратениците ќе бидат именувани во извршната власт. Најголем број пратенички - 14 се избрани од листата Рестарт коалиција, која доживеа тежок изборен пораз, потоа од Хрватската демократска заедница избрани се девет жени, од Демократското движење - четири, коалицијата Можеме - три, од Листата на националните малцинства – две и од изборната листа Мост избрана е една пратеничка. ми/

Остани поврзан