• четврток, 26 февруари 2026

Новиот префект на округот Корча, Флоринда Зегуљај, во посета на Општина Пустец

Новиот префект на округот Корча, Флоринда Зегуљај, во посета на Општина Пустец

 

Пустец, 6 февруари 2026 (МИА) – Новиот префект на округот Корча, каде територијално припаѓа Општина Пустец, Флоринда Зегуљај, беше во посета на оваа општина, каде покрај другото имаше средба со градоначалникот Пали Колефски.

-Задоволство ни беше да го пречекаме новиот прв човек на округот Корча, Флоринда Зегуљај, на која од свое и од име на администрацијата и жителите на нашата општина ѝ посакав успех во нејзината нова должност и изразив уверување дека институционалната соработка ќе биде плодотворна, во служба на заедницата, рече Колефски .

Додаде, дека, за време на средбата, ги презентирал приоритетите и плановите за развој на неколку клучни проекти оваа година, а посочил и некои од најважните атракции на општината, кои бараат инвестиции и внимание.

-Меѓу другото таа вети дека целосно ќе се ангажира во обезбедувањето финансиски средства од владата во Тирана, за реализација на проекти во нашата општина, со цел подобрување на условите за живот на граѓаните, за развој на туризмот, за што имаме идеални услови, а со тоа и економски развој, посочи Колефски за МИА.

Според него, ја гарантирал неговата и подготвеноста на тимот на Општина Пустец за тесна соработка во служба на граѓаните и развојот на туристичката област. 

На Зегуљај, која, со одлука на албанската влада,  фунцијата од Нертил Јоле, ја презеде пред десеттина дена, Колефски и подарил примерок и од рачно изработена кукла во македонска народна носија од Мала Преспа. вт/вј/

Фото: Општина Пустец

Остани поврзан