• недела, 22 декември 2024

Новиот Европски парламент со поголем „полов јаз“ од претходниот 

Новиот Европски парламент со поголем „полов јаз“ од претходниот 

Брисел, 3 август 2024 (МИА) - Од 719-те потврдени пратеници во новиот состав на Европскиот парламент само 277 се жени, што е 38,5 отсто од вкупниот број европратеници и претставува намалување од околу 40 отсто колку што беше учеството на жените во претходниот пратенички состав. Ова е прво намалување на процентот на жени во Европарламентот од 1979 година, од кога се бележеше постојана нагорна линија на процентуалната застапеност на европратеничките.

Додека кај останатите пратенички групи половиот сооднос остана речиси непроменет, зголемувањето на „половиот јаз“ во најголем дел се должи на значителното намалување на бројот на жени во групата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), предвидена од италијанската премиерка Џорџа Мелони. Од вкупно 78-те европратеници на ЕЦР, само 17 или под 21,8 отсто се жени. Во претходниот парламентарен состав учеството на жените во пратеничката група на ЕЦР беше околу 30 проценти. 

Во либералната и во левичарските групи уделот на европратенички е над просекот во Европарламентот. Така во Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи (СД) уделот на жените е 42,6 отсто, кај либералната група „Да ја обновиме Европа“ – 44,2, кај Левицата – 45,6, а кај Зелените – 50,9 проценти.  

Европратениците денеска ги одобрија плановите за зголемување на производството на муниција и ракети во ЕУ и побрзо снабдување на Украина со муниција, објави Европскиот парламент

Во останатите групи процентот на жените е под парламентарниот просек. Во десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП) застапеноста на европратеничките е 36,7 отсто, а во екстремно десничарските групи Патриоти за Европа (ПФЕ) и Европа на суверени нации (ЕСН) таа стапка е 40,5, односно 32 проценти. 

Во партиите што не се дел од ниту една групација учеството на жените е 31,2 отсто. 

Според претставничката на Европското женско лоби, Жеромин Андолфато, ваквиот тренд во Европскиот парламент е загрижувачки. 

- Ова е загрижувачки ако се има предвид дека значителен дел од европратениците се од политички групи за кои е познато дека се непријателски настроени кон правата на жените и родовата еднаквост, изјави Андолфато за „Политико“. 

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, на вчерашната средба со кинескиот колега Ли Кечијанг на Самитот на Г20, најави дека Рим планира да се повлече од кинеската иницијатива Појас и пат (БРИ),

Но, од ЕЦР тврдат дека иако процентуално имаат најмалку жени, сепак во нивните редови има „политичарки од многу висок профил“.  

- Ние во ЕЦР фаворизираме еднакви права и слобода на избор, наместо правична застапеност. Затоа, сме против квоти на изборите. Фокусот треба да биде на заслугите и најдобрата можна претставеност на електоратот. Ние веруваме дека европратениците и од двата пола можат многу добро да ги застапуваат интересите на спротивниот пол, изјави портпаролот на ЕЦР, Михаел Штраус. 

Од 24-те европратеници на партијата на Мелони, Браќата на Италија (ФДИ), само пет се жени, исто како и од втората по бројност партија во ЕЦР, полската Право и правда (ПиС), која има 18 мандати. Учеството на европратеничките во ФДИ е 20,8 отсто, а во ПиС - 27,8 проценти. 

Сега е важно новата методологија на Европската комисија да ги убеди Париз, Хаг и Копенхаген да се откажат од противењето за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, а по

Половата нерамнотежа во Европскиот парламентот е видлива и во лидерските позиции во парламентарните комитети. Така, од вкупно 24 комитети, само девет имаат жени за претседател, што претставува 37,5 отсто. 

Мажите по правило доминираат во комитетите задолжени за уставни прашања, надворешни работи, буџет, даноци и безбедност, во врска со што поранешниот претседател на Комисијата за правата на жените, Роберт Бидрон саркастично забележа дека „каде што има моќ и пари, има и доминација на мажите“. 

Ваквата несразмерност е пренесена и во составот на самите комитети. Во Комитетот за уставни прашања речиси 87 проценти се мажи. Во претходниот состав на овој Комитет, уделот на мажите беше 85 отсто, што според забелешките на европратеничките резултирало до тоа како ирелевантни да бидат отфрлени повеќе барање поврзани со „секојдневни животни прашања на колешките кои се бремени или родители на мали деца“. 

Од вкупно 24-те комитети, во 13 уделот на жените е под просекот на Европарламентот. Дополнително, во комитетите за буџетска контрола, за даноци и за надворешни работи уделот на жените е под 20 отсто, а во Комитетот за уставни прашања тој е 13 проценти. 

Жените се мнозинство во само четири комитети – за правата на жените, за култура и образование, за вработување и социјални работи и за внатрешен пазар. 

Лани во ноември беше покрената иницијатива за преземање на чекори што ќе доведат до тоа половиот сооднос во составот на комисиите да го одразува соодносот во Парламентот, но тој предлог се уште не е вклучен во Деловникот на ЕП. 

Европскиот парламент на денешната пленарна сесија во Стразбур нагласи дека мора да се дадат гаранции за заштита на граѓаните, а потоа ја даде својата согласност за договорот за излез на Обеди

Во сегашната верзија на Деловникот е наведено дека составот на комитетите треба „колку што е можно да го одразува составот на Парламентот“, како и дека политичките групи треба „да се залагаат за правична полова застапеност“. 

Правилата за полова рамноправност веќе предизвикаа несогласување во новиот состав на ЕП при изборот на потпретседатели на комитетите. Така, лидерите на пратеничките групи се договорија да отстапат од правилото дека претседателот и сите потпретседатели на еден комитет не треба да бидат од ист пол, со образложение дека тоа „го блокира постигнувањето политички договор“. Токму поради ова, во неколку комитети беше одложен изборот на четвртиот потпретседател. 

Сакајќи да укаже на потребата за почитување на воспоставените правила, Комитетот за правата на жените избра две потпретседателки и двајца потпретседатели, иако меѓу неговите 39-членови само четворица се мажи. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан