Новиот ДУП за градска четврт 3 06, околу гимназијата „Здравко Цветковски“, денеска на седница на Совет на Општина Карпош
- Новиот Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 06, Блок З 06.09, делот околу гимназијата „Здравко Цветковски“, денеска е на Дневен ред на седницата на Советот на Општина Карпош. Од О
Скопје, 30 август 2021 (МИА) - Новиот Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 06, Блок З 06.09, делот околу гимназијата „Здравко Цветковски“, денеска е на Дневен ред на седницата на Советот на Општина Карпош.
Од Општина Карпош, информираат дека со новиот ДУП се бришат четири маркици за згради на државно земјиште.
-Имено, со новиот ДУП се бришат две згради предвидени за градба на државно земјиште и истите добиваат намена - парковско зеленило. Односно, ако претходниот ДУП планираше две маркица за објекти за домување – А2 (П+5+ПК и П+6+ПК) денеска парцелите добиваат намена Д1 – парковско зеленило. Исто така, со новиот ДУП кој денеска е пред советниците се бришат уште две маркици во истиот блок за згради – објекти за домување (П+7+ПК и П+7) и истите добиваат намена В1 – државни институции (П+6), се вели во соопштението од Општина Карпош.
Со ваквата интервенција, се вели во соопштението, се намалува површината за домување во станбени згради (А2), а се зголемува зеленилото (Д1). Стариот ДУП предвидувал 65.608 м2 – бруто развиена површина за градење, а новиот ДУП 31.000 м2. Исто така, со новиот ДУП се предвидува 5.080 м2 да бидат наменети за Д1 (парковско зеленило), а стариот ДУП предвидувал само 487 м2 за зелен појас.
-Објектот кој е предвиден за државни институции и е во висина од 32 метри, ќе биде за потребите на Институтот за социолошки и политички истражувања, Академијата за судии и јавни обвинители, Заводот за урбанизам, како и други институции. Оттука, целосно е лажна информацијата дека ќе се гради објект за домување од 32 метри, се вели во соопштението.
Новиот ДУП презема две маркици за згради од стариот ДУП (А2 – П+5+ПК и А2 – П+6+ПК).
-Според овие факти, неточна е информацијата дека општина Карпош вцртува нови објекти за домување. Напротив, локалната самоуправа направи сериозни напори и успеа да избрише четири маркици за изградба на згради. Две добиваат намена парк, а две маркици ќе бидат со намена за државни институции. За овој ДУП, помината е и јавна анкета, како и јавна презентација, како процеси кои обезбедуваат граѓанско учество при нивно донесување, се вели во соопштението од Општина Карпош. аа/ац/