• недела, 22 декември 2024

Новиот дом на Џенифер Лопез и Бен Афлек во богата населба во Лос Анџелес

Новиот дом на Џенифер Лопез и Бен Афлек во богата населба во Лос Анџелес

Лос Анџелес, 9 март 2023 (МИА) - Џенифер Лопез и Бен Афлек бараат совршен дом уште од нивната венчавка, па изгледа и го пронајдоа - во Калифорнија. Имотот вреди 64 милиони долари.

Двојката минатиот месец стави депозит од 34,5 милиони долари на имотот во Лос Анџелес, т.е. во богатата населба Пацифик Палисејдс, но се откажа од купувањето. Наместо тоа, се чини дека тие конечно ќе се населат на местото на едно од најпознатите и најбогати семејства во градот - она на Грегори Милкен.

Тие во 2009 година го купиле имотот за 14,5 милиони долари, а неговата вредност денес се проценува на 64 милиони долари.

Со шест спални соби и 10 бањи, имотот се простира на 1.200 квадратни метри и доаѓа со куќа за гости од речиси 300 квадратни метри со две спални соби и четири бањи. Има и две работни простории, поголема просторија за рекреација со поглед кон дворот, домашно кино, пространа кујна, дневна соба и камин. Покрај тоа, има и вежбалница од 70 квадратни метри, како и базен и спа-центар надвор.

Во меѓувреме, Лопез веќе најде купувач за нејзиниот имот во Бел-Ер со девет спални соби во француски стил, којшто од минатиот месец го котираше на 42,5 милиони долари.  си/

Фото: „Вестсајд естејт ејџенси“ (Westside Estate Agency). 

Остани поврзан