Новинарката Гетева ангажирана во МЗ како одговорна на Секторот за односи со јавноста
- Новинарката Катерина Гетева во Министерството за здравство е ангажирана како одговорна на Секторот за односи со јавноста, соопшти Министерството.

Скопје, 29 октомври 2020 (МИА) - Новинарката Катерина Гетева во Министерството за здравство е ангажирана како одговорна на Секторот за односи со јавноста, соопшти Министерството.
Министерството, како што посочуваат, нема портпарол, а сите изјави како и досега ќе ги даваат министерот Венко Филипче, како и останатите раководители на Клиники и институции во склоп на Министерството. мс/са/