Нова шампионска титула за Симева
- Александра Симева ја одбрани шампионска титула откако во денешеното финале од Државното првенство ја совлада Теона Андова со 2:1 во сетови
Скопје, 12.јули 2025 (МИА) - Александра Симева ја одбрани шампионска титула откако во денешеното финале од Државното првенство ја совлада Теона Андова со 2:1 во сетови (5:7; 6:1; 6:3).
Таа во финалето направи пресврт и по водството на ривалката со 1:0 во сетови ги доби следните два. Андова до крајот на мечот освои само четири гема во двата сета. Симева на овој начин и се реваншираше на Андова за поразот во полуфиналето во 2023 година.
За Александра Симева ова е вкупно петта титула шампионка на Македонија откако претходно победуваше во 2019, 2020, 2022 и 2024 година, додека финалистката Андова шампинската титула ја освои во 2023 година.
Во конкуренција на двојки кај мажите титулата ја одбранија Берк Бугариќ и Елдин Хусеиновиќ, кои со 2:0 во сетови (6:3 и 6:1) во финалето ги совладаа Кристијан Јанев и Ерион Незири.
Утре со почеток во 9:30 часот се игра машкото финале на терените на ТК Југ меѓу Дејвис куп репрезентативците на Македонија Берк Бугариќ и Кристијан Јанев. Во полуфиналето денеска Бугариќ го совлада Стефан Мицов со 2:0 во сетови, додека Јанев беше поуспешен од Горјан Вукиќевиќ со 2:1 во сетови. мн/
Фото: МТФ