Нова „Тојота супра“ со „тарга“ покрив
- A-80 Супра е достапен и како купе и родстер со тарга покрив. Што се однесува до генерацијата А-90, таа барем во мигов е достапна само како купе.

Токио, 5 јануари 2021 (МИА) - Тојота го произведе автомобилот „Супра спорт топ“ со подвижен т.н. „тарга“ покрив што ѝ оддава почит на легендарната А-80 генерација од филмскиот серијал „Брзи и бесни“.
Како што, веројатно, веќе знаат љубителите на франшизата, A-80 Супра е достапен и како купе и родстер со „тарга“ покрив. Што се однесува до генерацијата А-90, таа барем во мигов е достапна само како купе.
Кровните панели се изработени со помош на 3-Д печатач, во Ен Арбор, Мичиген, САД. Остатокот од каросеријата е засилен, а направени се и некои визуелни подобрувања, вклучувајќи го и задниот спојлер.
Моќта е зголемена од 340 на 500 киловат-часови.
Тука се и сопирачките „Брембо“, а има и прилагодлива суспензија, редизајниран дифузер и нов издувен систем. си/

