• среда, 20 ноември 2024

Нова силна експлозија го потресе центарот на Багдад

Нова силна експлозија го потресе центарот на Багдад
Багдад, 7 ноември 2021 (МИА) - Силна експлозија вечерва одекна во централниот дел на главниот град на Ирак, јави локалниот ТВ канал Алсумарија. Инцидентот се случил во близина на престижната област Ел-Карада, која е дел од специјално заштитената „зелена зона“, каде се наоѓаат главно странски амбасади и владини агенции. Други детали за инцидентот се уште не се соопштени. Претходно во Багдад беше извршен обид за атентат врз ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими. Неговата резиденција која се наоѓа во „зелената зона“ била нападната од вооружени дронови. Шефот на ирачката Влада не е повреден и веднаш бил евакуиран на безбедно. гт/

Остани поврзан