• понеделник, 01 јули 2024

Нова серија закани со бомби во училиштата во Подгорица

Нова серија закани со бомби во училиштата во Подгорица

Подгорица, 22 декември 2023 (МИА) - Во неколку основни училишта во Подгорица утринава пристигнале пријави за наводно поставени бомби, поради што наставата била прекината, јавува Вијести. 

Согласно препораките на Министерството за образование, наука и иновации, наставата во тие училишта денеска најверојатно ќе се одржува онлајн. 

Во неколку основни училишта во Подгорица вчера наставата беше откажана поради дојава за бомби кои беа испратени на електронските адреси на училиштата.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан