• петок, 22 ноември 2024

Нова премиера на „Илуминати“ во Театар Комедија

Нова премиера на „Илуминати“ во Театар Комедија
Скопје, 16 ноември 2022 (МИА) - На главната сцена во Театарот Комедија утре ќе се прикажува нова премиера на претставата „Илуминати“, работена според култниот филм на Хичкок - „39 скали“. Жанровски оваа претстава претставува уникатен спој на трилер, акција и комедија, со елементи на ноар и со филмски јазик. „Илуминати” е во режија на Синиша Евтимов, а играат Валентин Костадиновски - Тино, Наталија Теодосиева, Сергеј Димовски и Атанас Атанасовски. Приказната се одвива околу главниот херој Кирил Балкан - Тино Костадиновски, кој заедно со плејадата споредни ликови, интерпретирани од тројца актери - Наталија Теодосиева, Сергеј Димовски и Атанас Атанасовски, нè води низ својата животна приказна со несекојдневни патешествија. Сценографијата е на Мартин Манев, а костимографија на Ивана Каранфиловска Угуровска. Дизајн на звук е на Георгиј Полизов, а тон-мајсторите се Георгиј Полизов и Томи Анчов. Дизајн на светло на Мартин Манев, а светло-мајстор на Слободан Илиоски. Претставата освен утре, ќе се прикажува и во сабота и недела, 19 и 22 ноември. бт/дма/

Остани поврзан