Нова лабораториска опрема на Фармацевтскиот факултет во Скопје
- Нова лабораториска опрема и резултати од научно истражувачки проекти се презентираат денеска на Фармацевтскиот факултет во Скопје.

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Нова лабораториска опрема и резултати од научно истражувачки проекти се презентираат денеска на Фармацевтскиот факултет во Скопје.
Опремата е добиена во рамки на двегодишни проекти за опремување на лаборатории и научни истражувачки центри.
- Станува збор за пет научно истражувачки проекти на Факултетот, а вредноста на набавената опрема изнесува 450 илјади евра, изјави деканот на Факултетот Зоран Стерјев.
На настанот предвидени се обраќања и на премиерот Димитар Ковачевски и на министерот за образование Јетон Шаќири. бд/бак/
Фото: МИА