• петок, 05 декември 2025

Нова енергетска фасада на ООУ „Петар Здравковски-Пенко” во Скопје Север

Нова енергетска фасада на ООУ „Петар Здравковски-Пенко” во Скопје Север

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски заедно со директорката Мевлиде Елези Круези извршија увид во активностите за поставување на нова енергетска фасада на општинското основно училиште „Петар Здравковски-Пенко” во Скопје Север.

-Вредноста на овој проект е 11 милиони денари. Новата фасада на училиштето е барање кое се реализира во договор со родителите. Висококвалитетната фасада значително ќе придонесе за енергетска ефикасност на објектот и ќе ја намали потрошувачката на енергија. Локалната самоуправа преку континуирани инвестиции обезбедува најдобри услови за настава на учениците во сите основни училишта во општина Бутел, се наведува во соопштението од Општина Бутел. дма/са/

Фото: Општина Бутел

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан