• понеделник, 06 мај 2024

Нова велеслаломска победа на Одермат во Алта Бадија

Нова велеслаломска победа на Одермат во Алта Бадија

Алта Бадија, 18 декември 2023 (МИА) – Олимпискиот и светски првак, швајцарскиот скијач Марко Одермат, победи на денешната велеслаломска трка која во рамки на Светскиот куп се возеше во Алта Бадија.

Одермат триумфираше со време 2:28:14 минути и ја забележа втората победа во само два дена на истата патека, продолжувајќи ја серијата победи во велеслалом, вкупно шеста.

Второто место го освои Австриецот Марко Шварц, кој заостана зад победникот 1:05 секунда, додека третопласираниот Жан Крањец од Словенија имаше заостанување од 1:22 секунда.

За Одермат ова беше вкупно четврта победа во кариерата во Алта Бадија, две помалку од рекордерот Марсел Хиршер од Австрија кој има шест триумфи од 2013 до 2018 година.

Светскиот куп во алпско скијање продолжува в петок со ноќна трка во Мадона Ди Кампиљо. ег/мс/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан