• петок, 22 ноември 2024

Нова американска помош од 30 милиони долари за Молдавија

Нова американска помош од 30 милиони долари за Молдавија

Вашингтон, 5 јануари 2023 (МИА) – САД денеска најавија 30 милиони долари помош за Молдавија, која е погодена од последиците од војната во соседна Украина.

Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) соопшти дека на најсиромашната држава во Европа, Молдавија средствата ќе и бидат доставени преку фонд на Светска банка.

Молдавија ќе добие и надомест за претходното купување на електрична енергија.

– Целта на помошта е за ублажување на последиците од енергетската и економската криза предизвикани првенствено од пандемијата со Ковид-19, а потоа со војната во Украина.

– Молдавија, која прими голем број бегалци, акутната енергетска криза беше влошена со намалувањето на испораките од Русија, од чиј гас беше целосно зависна. Изминатите месеци, руското ракетирање на енергетските капацитети во Украина предизвика прекин на електричната енергија низ Молдавија, бидејќи системите на двете земји беа поврзани уште од советската ера.

Молдавија, како и Украина во јуни доби статус на кандидат за членство во ЕУ.

Од февруари минатата година Молдавија од САД доби 320 милиони долари итна помош, а на донаторските конференции собрани се стотици милиони евра за справување на последиците од војната во соседството. ми/

Остани поврзан