• сабота, 16 ноември 2024

Нобеловецот Кругман и Стопанската комора добија Орден за заслуги за Северна Македонија

Нобеловецот Кругман и Стопанската комора добија Орден за заслуги за Северна Македонија
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски денеска ги одликува со Орден за заслуги за Република Северна Македонија професорот и нобеловец Пол Кругман и Стопанската комора на РСМ, а на нејзиниот претседател Бранко Азески му додели Повелба. Пол Кругман, нобеловец, истакнат професор по економија, меѓу другото автор и уредник на 27 книги, преку 200 научни статии во стручни списанија, орденот од Пендаровски го доби за иновативност, визија и особен придонес во сферата на економијата, преку поставувањето нов модел на меѓународна трговија, усовојување нови дисциплини во меѓународната економија, како и за неговата дејност како универзитетски професор и објавувањето голем број значајни научни дела и трудови.   Кругман се зблагодари на довербата и доделениот орден и нагласи дека Северна Македонија е модел на демократија и мир во тешки времиња. Порача дека ова се времиња кога земјите треба да застанат зад вредностите во кои сите веруваат и да соработуваат меѓусебе. Орденот за Стопанската комора на РС Македонија, пак, е за 100 годишен посветен влог и траен придонес во развојот на стопанството и поврзувањето на различни еснафски стопанственички структури, со што, според образложението, се обезбеди сигурна основа за постојано подобрување и развој на условите на стопанисувањето и конкурентноста на пазарот, како темел за стабилност и економски просперитет на државата.   Во обраќањето во име на Стопанската комора, извршниот директор Антони Пешев посочи дека се горди на напорите што ги вложуваат да ја заштитат традицијата стара 100 години. Сите овие изминати години се радувавме на успесите на нашата економија, која покажа исклучителна жилавост во справувањето со сите кризи и искушенија, видливи, а често и невидливи. Македонските компании сите овие години се бореа упорно и истрајно да ги задржат своите позиции, вработени, да создаваат нови вредности, да го зголемуват извозот, што и треба да биде целта на секоја држава. Претседатело на државата Пендаровски нагласи дека има голема чест да одликува две личности и една организација кои имаат особени заслуги за економската мисла, но и за економската дејност на глобално и на национално ниво. Во присуство на еминентниот професор по економија, Пол Кругман, и докажани македонски бизнис лидери од СКСМ на чело со нивниот претседател Бранко Азески, како што рече, минуваме низ период на голема неизвесност поради бројните и испреплетени кризи што меѓусебно се зајакнуваат. - Пандемијата на Ковид 19 и руската инвазија на Украина предизвикаа рецесија, енергетска криза и ценовни шокови на глобалните пазари. Се очекува јавниот долг, инфлацијата и цените на производите да продолжат да растат.  Се продлабочува нееднаквоста меѓу државитте и внатре во државите. Како мала и отворена економија, која е дел од глобалниот трговски и финансиски систем, ние сме посебено ранливи на овие процеси.  Периодов што многумина го нарекуваат соврешна бура не соочува со две групи на прашања. Прво, како се најдовме во оваа бура. Фактот дека за време на пандемијата, најбогатите во светот го удвоија богатство, зборува дека некои важни лекции од глобалната економска криза од 2008 не се нарушени. На пример, дека е лесно да се преземаат големи ризици со туѓи пари или дека пазарот е подобар во создавањето профит отколку во неговата дистрибуција, рече шефот на државата. Второто прашање е, потенцира тој, што треба да направиме за успешно да излеземе од оваа бура. - Според мене, нема дилема дека стожерот на таа вредносна рамка треба да бидат граѓаните и јавниот интерес. Една од целите наведени во преамбулата на македонскиот Устав, е дека државата се конституира со цел да обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот.   Од тука, нашата цел не е само да ја пребродиме кризата, туку од неа да излеземе со засилен економски развој, намалена невработеност, зголемена продуктивност и конкурентност на националната економија, рече Пендаровски. За да го постигнеме ова, наведе во обраќањето, нам ни се потребни знаењето и експертизата на врвните теоретичари  како што е професорот Пол Кругман, кој со децении неуморно го покажува патот до одржлив и инклузивен економски раст и развој. Тој верува во демократијата, граѓанските слободи и владеењето правото, посочит, и е гласен критичар на социјалната неправда и злоупотребата на политичката моќ. - Овие вредности се клучни за опоравување и на македонската економија. За успех на македонските компании, за благосостојба на македонските граѓани конечно за квалитетот на  македонската демократија.  Но, за да биде делотворна теоријата мора да биде применета во практика од страна на државните институции и приватниот сектор.  Индустриите и компаниите се вистинските двигатели на економијата, изјави претседателот Пендаровски. За важноста на СКСМ, истакна, зборува фактот дека компаниите членки генерираат половина од вкупниот приход и речиси половина од нето добивката во приватнниот сектор. Азески, рече меѓу другото Пендаровски, заедно со Стопанската Комора имаше важна улога и во конструктивниот процес за изработка на рамката за развој МКД 2030 што ќе биде промовирана наредниот месец. - Овој документ е дело на теоретичари и практичари кои заедно ги дефинираа приоритетните области во кои треба да вложувме за државата на среднорочен план да стане подобро место за живот и работа, истакна претседателот на државата Пендаровски. цр/лв/

Остани поврзан