• петок, 05 декември 2025

Нијанси решија за елиминацијата на Ивановски во првото коло на Macedonian Open

Нијанси решија за елиминацијата на Ивановски во првото коло на Macedonian Open

Скопје, 20 мај 2025 (МИА) - Во одличен и изедначен меч македонскиот тенисер Калин Ивановски е елиминиран на стартот од АТП Челинџерот Macedonia Open 2025. Подобар од него беше осмиот носител Хрватот Мили Пољичак, кој со 2-1 (6-4 6-7(5) 64 во сетови избори пласман во второт коло. Мечот траше 2 часа и 55 минути игра. Нијанси го решија победникот, а во клучните моменти Пољичак успеваше да има поголема смиреност и прецизни топки. Карактеристика на мечот е и тоа што во сите три сета првиот гем завршуваше со брејк.

Така во првиот сет Ивановски поведе со 1:0 во гемови и предноста ја имаше до шестиот гем кога Пољичак успеа да направи брејк и да изедначи на 3:3. Решавачката предност за водство од 1-0 во сетови хрватскиот тенисер ја направи во 10.гем кога направи уште еден брејк и сетот го доби со 6:4. Во вториот сет повторно водство со брејк за Ивановски од 1:0, а ривалот успеа да изедначи односно да го врати брејкот за 4:4. До крајот на сетот немаше брејк и сетот беше решен во тај-брејкот. По водството на Ивановски од 3:2 на поени Пољичак направи мини серија за 5:3, но до крајот на сетот сите поени беа на страната на Ивановски за 7:5 во тај-брејкот и 7:6 во гемови за 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет Пољичак почна со брејк и поведе со 1:0 во гемови, а Ивановски шансата за изедначување ја пропушти во шестиот гем кога не успеа да искористи три брејк топки. Во следните два гема на свој сервис хрватскиот тенисер одлично ги сервираше и едноставно Ивановски не додје веќе во шанса за освојување на гем на сервис на противникот. Така Пољичак го доби решавачкиот сет со 6:4 во гемови.

За Ивановски останува утрешниот меч со Берк Бугариќ во конкуренција на двојки.

Централниот терен за време на мечот на Ивановски имаше солидна посета. дс

Фото: МТФТ

Остани поврзан