• петок, 05 декември 2025

Николоски – Палминтери: Да се унапреди економската соработка меѓу Македонија и Италија

Николоски – Палминтери: Да се унапреди економската соработка меѓу Македонија и Италија

Скопје, 2 мај 2025 (МИА) - Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска на работна средба со амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери ја претставил развојната програма на Владата и инвестициите во инфраструктурата. Се отвориле прашања за меѓусебна соработка и подршка во делот на реализација на инфраструктурните проекти.

Како што соопшти Министерството за транспорт, на средбата биле разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот. Вицепремиерот Николоски ја потврдил добрата соработка со Италија и ја потенцирал потребата од  унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка.
 Тој го запознал амбасадорот и за реформскиот процес на земјата како дел од интеграциите и членството во Европската Унија.
 
- Вицепремиерот Николоски изрази благодарност за досегашната соработка и подршката што ја овозможува Италија, а двајцата говорници се согласија на  интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји, соопшти Министерството за транспорт. лв/аа/

фото:Министерство за транспорт 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан