• петок, 22 ноември 2024

Николоски со Пленковиќ и Капели: Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ, да запре блокадата на Бугарија

Николоски со Пленковиќ и Капели: Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ, да запре блокадата на Бугарија
Скопје, 12 мај 2022 Во рамки на посетата на Загреб, денеска имав средби со премиерот на Република Хрватска, господинот Андреј Пленковиќ и со претседателот на Комитетот за надворешни работи на хрватскиот Сабор, господинот Гари Капели. На средбите го поздравив огромното пријателство коешто го имаат Македонија и Хрватска, како и одличните билатерални односи. Побарав Македонија да добие датум за почеток на преговори, затоа што тоа го заслужуваат македонските граѓани. Во исто време информирав и за политичката ситуација во Македонија и за активната блокада која што ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ, како пат до предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ се сестрински партии и затоа ВМРО-ДПМНЕ точно образложи што правиме во рамки на Собранието и која е нашата цел. Нашата цел е дијалог и брзи предвремени парламентарни избори на коишто народот ќе може да го каже сопственото мислење. Исто така во рамки на настанот којшто го организираат пријателите на Европа за 40 највлијателни личности под 40 години, имаме бројни средби кои се одржуваат во следните три дена каде што највлијателните 40 луѓе од Европа ќе дискутираат за заедничката визија и проспекти кои можат да дојдат во Европа. Тука пред се планирам да ги отворам прашањата кои се битни за Македонија, пред се во делот на економскиот развој, на соработката и на добриот напредок и борбата со корупцијата, нешто што посебно ја погодува Македонија. Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.   https://www.youtube.com/watch?v=pWCyTRz2fSI

Остани поврзан