• петок, 05 декември 2025

Николоски: Придобивките од експресниот пат Градско-Дреново-Фариш се огромни за бизнисот и туризмиот, го скративме времето за патување кон Пелагонија

Николоски: Придобивките од експресниот пат Градско-Дреново-Фариш се огромни за бизнисот и туризмиот, го скративме времето за патување кон Пелагонија

Скопје, 27 јули 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски преку видеопорака ја истакнува важноста и значењето од изградба на експресниот пат Градско-Дреново-Фариш. 

Напорно се работеше и резултатите се видливи, вели вицепремиерот Николоски. 

-Експресниот пат на делниците Градско- Дреново и Дреново- Фариш активно се користи. Десетици илјади возила поминаа по истиот. Пелагонија, Прилеп, Битола, Кривогаштани и Могила, Новаци и Крушево се веќе многу поблизу до Скопје и до сите населени места, многу побрзо се патува до Грција и на север до Србија, посочува Николоски . 

Се развива бизнисот, додава, цвета туризмот и луѓето можат полесно да патуваат.

-Пуштањето на овој патен правец е доказ дека ја градиме Македонија. Напорно работевме, првиот дел на потегот од Градско до Дреново го пуштивме во месец јануари, а вториот дел од Дреново до Фариш го пуштивме во месец јуни. На тој начин ја комплетиравме делницата Градско -Дреново-Фариш дел од Градско Прилеп, што многу ќе значи за целиот регион, потенцира Николоски.

Активно работиме, порачува,и на автопатот Прилеп -Битола што за многу брзо време ќе значи од Скопје за Прилеп да се патува за час и десет минути, од Скопје до Битола за час и половина.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан