• понеделник, 10 февруари 2025

Николоски: Од утре во Битола продажба на државни комерцијални станови, метар квадратен ќе чини 1000 евра

Николоски: Од утре во Битола продажба на државни комерцијални станови, метар квадратен ќе чини 1000 евра

Скопје, 9 февруари 2025 (МИА) - Од утре (понеделник) ќе започне продажба на државни комерцијални станови каде метар квадратен ќе чини илјада евра. Како што викендов најави министерот за транспорт и врски Александар Николовски, во Скопје ќе се градат четири комерцијални згради, а во Охрид и во Штип по една.

- Во Битола од понеделник започнуваме со продажба на државни комерцијални станови по 1000 евра за метар квадратен. Се обидуваме силно да интервенираме на цената на пазарот на недвижности, истакна Николоски во телевизиско интервју.   

Тој потенцираше дека сегашната цена е превисока за животниот стандард на граѓаните и затоа државата ќе се обиде да интервенира преку изградба на комерцијални станови.

-Моментaлно цената на комерцијaлни станови во неколку градови галопира, во Битола направивме интервенција и од понеделник почнуваме со продaжба на станови по 1000 евра за метар квадратен за стан, по 500 евра метар квадратен за гаража што е далеку пониска цена отколку што сега е во Битола. Во Скопје ќе почнеме четири згради да работиме, во Охрид имаме активен повик за една, во Штип бараме локација, така што во овие четири места каде цената најмногу галопира, ќе се обидеме со наша интервенција цените на пазарот да ги намалиме. Сегашните цени на ниеден начин не одговараат на нашиот стандард, младите брачни двојки едноставно не можат сопствен дом да најдат, а по цена од 2500-3000 евра за квадрат никој не може со овој стандард да купи стан. Дополнително работиме на пет социјални згради низ државата, рече вицепремиерот Николоски. ев/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан