• среда, 25 декември 2024

Николоски од Ново Село: Каде се 4 милијарди евра, каде одат парите

Николоски од Ново Село: Каде се 4 милијарди евра, каде одат парите
Струмица, 6 јули 2020 (МИА) - Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во ИЕ 4, Александар Николоски порача дека на 15 јули жителите треба да одберат обнова на својата татковина и масовно како на референдумски избори да гласаат за Коалицијата „Исправи се Македонијо". - Ако во општините што ги водат вака е несредено и неизградено, неуредено и гнасно, како ли им е дома. Затоа што човек ако е педантен дома, педантен и чист е и на работа. Да одат секој ден тука во општината и да го гледаат ова ѓубриште ондека, да ја гледаат фонтаната што не работи, да гледаат се запуштено и да не ги јаде нервоза. Недомаќини луѓе е благ збор за нив. И за жал тоа се случува низ целата држава. Еве го прашувам јавно Заев како кога си оди дома накај Струмица, не се нервира кога го гледа патот Штип-Радовиш, кај е застанат од 2016 година таму и денес е. Три години не е мрднато. Од него зависи, тој е прв човек во владата и патот за дома не може да си го направи. Или кога ќе си оди во Муртино во куќата на татко му нели ја гледа канализацијата како тече и лево и десно по улицата. И не е тоа од вчера од завчера, 18 години тој и неговите пајташи владеат и неможат еден парк да исчистат, стои во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ кое го пренесува обраќањето на Николоски од вечерашната средба во Ново Село. Кај се 4 милијарди евра: Кај одат парите, кај се?, прашал Николоски. - Одговорот е јасен. Парите одат по приватни џебови. Затоа и нема за народот. Ги цицаат парите. Ете такви бандити ја водат државата, одговорил носителот на листата во изборната единица број 4 на Коалицијата „Исправи се Македонијо“. -Пред некое време со драги пријатели бевме во Швајцарија. Во Локарно новоселци се 25 проценти од населението. И ми велат Боро Марлборо секој викенд е тука со највисоки членови на семејството Заеви. Па да ги прашам што бараат секој викенд во Локарно? Но, ние ќе испитаме по 15-ти јули. Затоа што еден од приоритетите ни е испитување на капиталот на сите политичари од прв до последен. Со денови го повикувам и Заев да докаже дали неговото богатство и богатството на неговото семејство е легално стекнато. Затоа после 15-ти јули законот ќе дојде и има сите да одговараат од прв до последен. За земјоделието што да ви кажаувам. Зелената мафија си владее, а на вас ви го цицаат трудот. Едно време се отвораа откупни центри, а сега се отвораат за марихуана. Во едно време имаше редовен откуп, а сега гледаат на диво што повеќе да насадат и да прошверцаат тука преку граница. Тоа е тажната приказна овде во Ново Село и затоа ве повикувам да излезете масовно на 15-ти јули и да гласате за обнова, порача Николоски на крајот. рт/оџ  

Остани поврзан