Николоски: Нова авиолинија Скопје - Ларнака од 31 октомври
- Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска на социјалните мрежи сподели информација за воведување на нова авиолинија од Скопје до Ларнака, во Кипар, која ќе стартува од 31 октомври.
Скопје, 24 мај 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска на социјалните мрежи сподели информација за воведување на нова авиолинија од Скопје до Ларнака, во Кипар, која ќе стартува од 31 октомври.
-Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје - Ларнака Кипар! Ова е 11-та нова линија за 10 месеци, а е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, напиша Николоски на неговиот официјален фејсбук профил на пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј.
Тој најави дека продолжуваат активностите на Владата за развој на авиосообраќајот во земјава.
-Субвенциите и политиките на Владата за развој на авиолиниите даваат резултати. Продолжуваме да работиме на развојот на авиосообраќајот во Македонија, наведува Николоски. вг/
Фото: МИА Архива