• сабота, 21 декември 2024

Николоски: Никој не е наивен, мобилните оператори прават класичен дуопол

Николоски: Никој не е наивен, мобилните оператори прават класичен дуопол

Скопје, 4 октомври 2024

Државата нема да се фаворизира трет оператор, ако одиме со трет оператор нема да одиме со непосредна спогодба, туку ќе одиме со отворен тендер согласно Законот за јавни набави и ќе се натпреваруваат сите заинтересирани компании, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот „Каде се парите”.

Тој во поткастот исто така вели дека е дојдено време кога граѓаните мора да добијат поевтини цени и квалитетни услуги и дека повеќе е недозволив дуополот што го прават двата мобилни оператори.

-Јас сметам дека доколку двата постојни оператори ги намалат цените, ги подобрат услугите и почнат да се натпреваруваат меѓу себе, ќе нема место за трет оператор. Ако останат вака тврдоглави како сега, ќе има голем простор за трет оператор и ова не е заплашување, јас сум само реален. Прошетајте низ Скопје ќе видите згради кои имаат мрежа само од едниот или од другиот оператор. Дигитализацијата на националните телевизии ја прави само еден оператор, другиот не нуди услуги. Распишуваме тендер во министерството, само еден оператор се јавува. Класичен договор е тоа, никој не е наивен, истакна министерот Николоски.  

-Вие излеговте со листа на 100 нјауспешни компании по профит. Секоја година на таа листа, па и годинава е една компанија со еден вработен се вика „Kамени мост комуникации”. Може ли еден од двата оператори да ни кажат како се поврзани со оваа компанија и колку државата е оштетена од работењето во оваа компанија. Оваа година имаат прикажано добивка од 16 милиони евра, додаде Николоски во поткастот.

Министерот исто така додаде дека доколку државата одлучи да распише тендер за трет мобилен оператор, повикот ќе се однесува за класичен оператор со мрежни базни станици како и сегашните два кои што работат на домашниот пазар. Тој потенцираше дека ова е со цел зголемување на конкуренцијата и намалување на цените за граѓаните.


 Министерство за транспорт

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан