• четврток, 26 декември 2024

Николоски: Над 60 отсто од народот не е задоволен во кој правец оди државата

Николоски: Над 60 отсто од народот не е задоволен во кој правец оди државата
Скопје, 27 мај 2022
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вечерва гостуваше во емисијата „Трилинг“. Зборуваше за предвремените парламентарни избори кои насушно ѝ се потребни на Македонија со оглед на кризите во кои се наоѓаме и рече дека кога и да се одржат истите, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а најдобар показател за тоа, за неизбежната победа е тоа што СДСМ бега од избори.
Николоски рече дека огромно мнозинство од населението во државава, односно преку 60 % се незадоволни од тоа во која насока оди Македонија, тоа знаат и во СДСМ и токму затоа бегаат од избори.За мене по битното е не само тоа што се бега од избори, туку што се прави додека се бега од избори. Ние во овие месец дена додека правиме активен бојкот во Собранието не гледаме што ново понуди владата и што ново направи, освен што најавуваат дека буџетскиот дефицит ќе оди на рекордни скоро 6% од БДП и што задолжувањето оваа година, за жал ќе оди околу една милијарда евра, што е историско најголемо задолжување. Дополнително, тоа задолжување не го гледаме. Не е тоа задолжување за нова железница или нов автопат туку е за одржување каков-таков социјален мир во рамки на државата. – рече Николоски.Николоски понатаму изјави дека резултатот кој ќе биде освоен на следните парламентарни избори ќе биде најубедлив до сега, но повторно мора да се размислува за коалиционен партнер пред сѐ кај Албанците, од причина што во Македонија има механизми кои претпочитаат да бидат испочитувани и претставниците од не мнозинските заедници пред сѐ албанската како најголема не мнозинска заедница во Македонија, но и сите останати – Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците итн. Николоски рече дека имаат и внатрешна коалиција каде што помалите етнички заедници се претставени, но мора да се размислува и за партнер.Наш партнер се Алијансата за Албанците и политичката партија БЕСА со кои соработувавме на локалните избори и имаме исклучиво добра соработка сега во општините како што тие имаат градоначалници а ние заедно формираме мнозинство во Совет или ние имаме градоначалници а тие имаат советници и можам да кажам соработката ни е на исклучиво квалитетно ниво и се надевам дека таа соработка ќе се преточи и во влада после парламентарните избори.
Коалицијата ќе зависи пред сѐ од изборниот резултат, можеби ќе се појави некоја нова политичка партија која ќе ги освои симпатиите кај дел од народот, не можам сега за претпоставки да зборувам, но кога би зборувале во смисла кои се нашите партнери и што би било еве ако сакате нашата желба, да бидам подиректен, тогаш би било соработка со Алијансата за Албанците и БЕСА. – додаде Николоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан