• недела, 17 ноември 2024

Николовски: Субвенциите за земјоделците овие три години се исплаќаа неселективно и навремено

Николовски: Субвенциите за земјоделците овие три години се исплаќаа неселективно и навремено
Прилеп, 25 јануари 2020
 
Горд сум што бев дел од министерството за земјоделство во период кога се донесоа клучни промени и земјоделците без разлика на партиска припадност, неселективно сите ги добиваа субвенциите навремено. –истакна генералниот секретар Николовски, на новинарско прашање  во врска со исплатата на субвенциите на земјоделците во иднина, при неговата посета во Прилеп и прилепскиот регион.
Тој истакна дека законите и календарот на исплата строго се почитуваат и земјоделците може да очекуваат исплата на субвенциите за нивните производи.
Во делот на тутунопроизводството, оваа година можеме да очекуваме рекордна исплата на субвенциите од 32.5 милиони евра, а ако споредиме со исплатата од пред три години од 25 милиони евра ќе видиме значителна  разлика. –посочи Николовски.
Љупчо Николовски - генерален секретар на СДСМ
______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 

Остани поврзан