• четврток, 21 ноември 2024

Николовски: 100 дена Влада - нула мерки и закочени субвенции

Николовски: 100 дена Влада - нула мерки и закочени субвенции

Скопје, 4 октомври 2024 

- За 100 дена, Владата на Христијан Мицкоски и коалицијата, не презентираше ниту една конкретна мерка за поддршка на земјоделството. За 100 дена видовме само тотална безидејност, непрофесионалност и незаинтересираност за секторот.

Ресорниот министер е претворен во партиски мегафон. Се занимава со реваншизам кон вработените и секојднево пласира лаги за да ја задскире својата неспособност.

Мицкоски се фали со исплатени заостанати долгови, повисоки субвенции и откупни цени, но очигледно е неинформиран за фактичкита состојба.

Да ве потсетам дека со ребалансот ги намаливте средствата за најголем дел од програмите.

Закочена ви е исплатата на субвенциите. Ресорниот министер лаже дека има 1 милијарда денари заостанати долгови. Но, да повторам,  СДСМ остави чиста сметка, со нула долгови. Тоа што треба да се досиплати за што и обезбедија пари со ребалансот, се субвенциите за тековната програма, за 2023 година. Зошто и по два месеци од ребалансот, се уште земјоделците немаат субвенции?

Јас ќе бев среќен ако во 2017 година затекнав состојба на нула денари долг, но наместо тоа, тогаш СДСМ за 100 дена ги расчисти и долговите на  ВМРО ДПМНЕ од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година.

100 дена ВМРО ДПМНЕ не објави ниту еден јавен повик за ниту една мерка од ниту една програма. Но, нивната безидејност оди до таму, што укинуваат мерки кои се во интерс на земјоделците, како што е авансната исплата на субвенциите. Во 2023 година, Владата на СДСМ, воведе предвремена аванска исплата на субвенциите, за која актулната власт најави укинување на овој модел.

Тоа што го знае ВМРО ДПМНЕ е да се фали со туѓи перја.Ги критикуваа огласите и повиците за доделување земјоделско земјиште но денес ги склучуваат договорите, ги критикуваа ИПАРД програмите, но денес се фалат со први договори склучени за ИПАРД 3, но без при тоа да погледнат на интернет дека уште во март заедно со делегацијата на ЕУ сме ги склучиле првите договори на ИПАРД 3 како земја којашто е лидер, ја критикуваа мерката за зелена нафта денес, но делат картички.

Велат се зголемила откупната цена на грозјето. Да така е , а ама не поради ВМРО ДПМНЕ, туку тоа е резултат на новиот Закон за вино, кој го донесе Владата на СДСМ, затоа што ние го слушавме гласот на сите земјоделци. Мицкоски вели ги зголемил субвенциите за јачмен. Да ве потсетам дека мерката е донесена лани, а годинава откупната цена на пченицата е многу пониска. Што е со откупните цени на оризот, црвената пиперка и другите земјоделски производи, зошто нема гарантирани откупни цени, зошто нема дијалог со земјоделците ?Како ќе им помогнете?

За 100 дена дозволивте да има рекорден број на пожари во кои изгоре 9 % од вкупната површина под шума или изгоре повеќе шума од сите 12 години претходно заедно.

Грижата за земјоделците не е само за избори. СДСМ за 100 дена донесе мерки колку што вие веројатно нема да успееет за цел мандат. За прв пат воведовме нов модел и ги зголемивме субвенциите на турунопроизводителите по класи и за прв пат ја зголемивме премијата од 60 на 80 денари, 300% повисоки субвенции за ориз, зелена нафта, враќање на персонален данок, 20.000 евра за млади земјоделци, успешно започна ИПАРД 2, се решија неисплатените долгови кон лизарите и друго. Ова се конкретни мерки и грижа за земјоделците, и тоа само за 100 дена мандат.

Земјоделството е еден од двигателите на македонската економија и СДСМ нема да дозволи земјоделците да бидат оставени на цедило и ќе ги искористиме сите механизми како опозиција во нивни интереси. За успешна земјоделска политика потребна е конкретна стратегија и мерки, а не празни зборови.

Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото СДСМ

 

 

Остани поврзан