• понеделник, 23 декември 2024

Николовски: Пробиштип е пример како треба да се користат средствата од Програмата за рурален развој

Николовски: Пробиштип е пример како треба да се користат средствата од Програмата за рурален развој

Пробиштип, 1 март 2022 (МИА) - Општина Пробиштип е одличен пример како се користат средствата од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, порача денеска при посетатата министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Со средства од Платежната агенција во Пробиштип реализирани се три големи проекти, едниот е реконструкција на Кино сала, вториот е паркот „Братско и единство“ и третиот е реконструкција на локалниот пат до село Стрмош.

-Во 2019 година кога Владата одлучи да распише тригодишна Програма, која се имплементира преку Платежната агенција, општината аплицираше за сите мерки и доби голема финансиска поддршка од близу еден милион евра, рече Николовски.

Тој забележа дека после една деценија Пробиштип доби модерна Кино сала, жителите на Стрмош квалитетна патна инфраструктура, а жителите на Пробиштип ќе можат да уживаат во урбаните содржини во паркот „Братсво и единство“.

-Ова е навистина одговорно владеење и одговорно управување со парите на граѓаните, овде сакам да додам и уште еден значаен проект за нас финансиран преку ИПА програмата на Министерството за земјоделство, пшумарство и водостопанство, а тоа е реконструкција на мали системи за наводнување, следните три проекти, кои започнуваат се село Конпница во Крива Паланка, потоа во Теарце и Пишица во Пробиштип. Повторно Пробиштип добива средства за реализација на проекти, рече Николовски.

Тој посочи дека малиот систем за наводнување во пробиштипското село Пишица ќе наводнува земјиште од 30 хектари, а бенефит ќе добијат околу 70 земјоделски семејства, а ваквото наводнување какошто рече е еколошко и економично. Оваа програма за мали системи за наводнување е од пред четири години и е со вкупен износ од 38 милиони евра.

Директорот на Агенцијата за фианансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски рече дека Пробиштип е општина која е една од најдобрите искористувачи на средства од Програмата за рурален развој. Посочи дека со трите проекти директно се подобрува квалитетот и поврзаноста на населението од руралните и урбаните средини. Лани Програмата ја завршиле со реализација од 98 % на ниво на држава. Освен субвенциите во секторот земјоделие се помогнати и оние сектори кои беа погодени од ковид пандемијата.

-На крајот можам да кажам дека имаме реализација од 205 милиони евра, како субвенционирање на македонското земјоделство. Рекордни исплатени субвенции и ковид пакети од постоењето на Платежната агенција, рече Бачовски.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, е задоволен од реализација на сите три проекти кои се од интерес на жителите на општината.

-Станува збор за проекти со вкупна вредност од 55 милиони денари и сакам да им чиститам на моите соработници за посветеноста, кои посветено работеа на реализацијата на проектите, вели Анастасов.вдј/бт/

Остани поврзан