• недела, 22 декември 2024

Николовски од Пробиштип: Ние сме за европска, а ВМРО-ДПМНЕ за режимска иднина

Николовски од Пробиштип: Ние сме за европска, а ВМРО-ДПМНЕ за режимска иднина
Скопје, 5 јули 2020 (МИА) - Ние зборуваме за новиот развој, за новата македонска економија, за родовата еднаквост, за заштита на животната средина, за отворање нови работни места, за враќање на младите, а ВМРО-ДПМНЕ покажува спотови на згрбавени луѓе, така како што тие ги замислуваат нашите сограѓани. Покажуваат спотови на темните простории во нивните подруми кои асоцираат на провизии, тендери, местенки. Ние сме на автопат,  тие во нивните темни подруми. Ние сме за европска Македонија, тие за режимска Македонија во која царуваат криминалот стравот, корупцијата, рече вечерва генералниот секретар на СДСМ и носител на листа во ИЕ 3 на коалицијата „Можеме“ Љупчо Николовски на трибината во Пробиштип. СДСМ, според него, води модерна европска кампања во која нема црни спотови, нема темнина, туку има идеи, разговори за еколошка и иновативна земја, за решавање прашања кои досега не биле отворени. Изборот на граѓаните е лесен, оцени, а тоа го потврдуваат сите истражувања на јавното мислење. -Сите истражувања на кредибилни светски агенции потврдуваат дека граѓаните се за напред, за развој, за иднина и ја поддржуваат оваа  Програма која ја пишувавме 11 месеци. Ништо нема да ги спаси. Огромно мнозинство на 15 јули ќе гласа за оваа модерна, најголема и најразнолика Коалиција „Можеме“, истакна Николовски. денес подобро се живее со повисока минимална и просечна плата ,повисоки пензии и зголемена социјална помош за 300% , но МОЖЕМЕ и повеќе и подобро! На трибината зборуваше и носителката на ИЕ 3, Јагода Шахпаска, потенцирајќи дека власта предводена од СДС; направи  сериозен исчекор. -Каде бевме, а каде стигнавме денес. Од заробена држава со широко распространета корупција, држава во која не постоеше слобода на медиумите туку цензура, држава во која граѓаните за да функционираат мораа да имаат партиска книшка на ДПМНЕ. Држава во која имаше нарачани судски пресуди и избрани судии од тефтерчето на Гордана. Држава во која постоеше дискриминација по секој основ. Денес сме полноправна членка на НАТО сојузот, правна и праведна држава кое што ни го гарантира новиот Закон за јавно обвинителство, според кој секој кој се огрешил ќе одговара пред законот. Се врати слободата на говор и полека но сигурно ја враќаме довербата кај граѓаните кон институциите . Денес сме држава која веќе ја доби и преговарачката рамка и за време на германското претседателство ќе добиеме почеток на преговори за влез во ЕУ, посочи Шахпаска. вдј/мч/ 

Остани поврзан