• петок, 22 ноември 2024

Николовски од Градско: Сите овие години, од 2017 до денес, наш главен фокус при креирањето на мерките се младите земјоделци и жените земјоделки

Николовски од Градско: Сите овие години, од 2017 до денес, наш главен фокус при креирањето на мерките се младите земјоделци и жените земјоделки

Скопје, 15 март 2024 - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска во Градско одржаа повеќе средби со успешни земјоделци, корисници на мерките млад земјоделец и мерката рурална жена.

Младите земјоделци и жените земјоделки, сите овие години, од 2017 до денес, се во нашиот главен фокус при работењето на министерството. Токму за поддршка на младите земјоделци обезбедивме две мерки за грант поддршка од 10.000 и 20.000 евра, како мотив да започнат и активно да се вклучат во земјоделството. Денес вкупно имаме 838 млади земјоделци корисници на овие мерки. Дополнително покрај овие мерки, младите земјоделци поволност имаат и при користењето на земјоделското земјиште, а при аплицињаето на национланите програми добиваат поголем процент на кофинасирање. 

Жената земјоделка пак, ја поддржуваме со грант до 6.000 евра, преку мерката за поддршка на руралната жена. Кај оваа мерка до сега аплицирале и успешно ја искористиле вкупно 320 жени. Денеска во ЕРЗС системот имаме запишано 30.292 жени земјоделки, што споредбено со 2017 година, е зголемување за околу 9.000 нови жени земјоделки. 

Во рамки на денешните средби во Градско министерот Николовски и директорот на АФПЗРР Бачовски во селото Виничани остварија посета на семејството Спасовски. Вредни и посветени земјоделци, кои успешно ги искористиле мерките што министерството ги става на располагање за поддршка на земјоделците. Гоце е млад земјоделец, корисник на истата мерка, а неговата мајка корисник на мерката рурална жена. Преку поддршката од овие мерки имаат набавено трактор и приклучна механизација. 

Горди сме на секоја една жена земјоделка што посветено, макотрпно и вредно придонесува во македонското производство. Токму Љубица од село Виничани е таков успешен пример. Љубица се занимава со градинарство, овоштарство и полјоделство, а преку националната програма за рурален развој има добиено поддршка за набавка на трактор. 

Нашата поддршка кон жената земјоделец не застанува само со овие мерки. Па така од 2017 година до сега сме поддржале 625 жени земјоделки за набавка на трактор, 158 добиле поддршка за набавка на педигриран добиток, 111 добиле финансика поддршка за набавка на системи капка по капка, 12 добиле поддршка за набавка на комбајн за ориз, 7 добиле за комбајн за жито, 12 за набавка на силоси и 10 жени земјоделки поддршка за набавка на опрема за тутун. Низ сите овие години, од 2017 година до сега, преку овие мерки, сме поддржале 1.700 жени земјоделки, со поддршка во вредност од 1,1 милијарди денари.

Министерот Николовски и директорот на АФПЗРР Бачовски во селото Водоврати  ја посетија и фармата на сточарот Исмаил, кој одгледува околу 20 крави. Исмаил изрази благодарност за брзата исплата на субвенциите во сточарството, како и за новите мерки што се креирани за поддршка на сточарите оваа 2024 година. 

МЗШВ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МЗШВ

Остани поврзан