• недела, 09 јуни 2024

Николовски и словенечката министерка Фајон во посета на ХС Злетовица и филтер станицата во Пробиштип

Николовски и словенечката министерка Фајон во посета на ХС Злетовица и филтер станицата во Пробиштип

Скопје, 1 декември 2023 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Љупчо Николовски заедно со министерката за надворешни и европски прашања на Република Словенија, Тања Фајон денеска ќе бидат во посета на општина Пропиштип.

Во рамки на посетата, информираат од МЗШВ, двајцата министри најпрво ќе ја посетат ХС Злетовица во Пробиштип и главниот SCADA Центар на ХС Злетовица. 

Теренската посета, како што е најавено, минстрите ја продолжуваат со посета на филтер станицата во Пробиштип. цр/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан