• недела, 22 декември 2024

Николовски-Стамнова: Со еден клик Централниот регистар ќе има евиденција за царински долг, се интензивираат активностите за електронска размена на податоци

Николовски-Стамнова: Со еден клик Централниот регистар ќе има евиденција за царински долг, се интензивираат активностите за електронска размена на податоци

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Царинската управа и Централниот регистер ги интензивираат активностите потребни за  надградба на едношалтерскиот систем на Централниот регистар при што Царинската управа ќе им овозможи електронски пристап до базата на податоци за платени увозни давачки. Ова беше главната тема на денешниот состанок меѓу директорот на Царинска управа Бобан Николовски и директорката на Централен регистар Анита Стамнова.

Како што информира Царинската управа, интенцијата е граѓаните и фирмите да не мораат да доаѓаат во Царинска управа да вадат потврди дека немаат доспеан неплатен долг по основ на царина и други увозни давачки коишто им се потребни при уписи во Централниот регистар.

- Директорите истакнаа дека ваквите активности се во насока на подобрување на условите за водење бизнис при што и двете институции ќе работат на унапредување и олеснување на постапките преку нивна целосна дигитализација, стои во соопштението. мд/цр

Фото: Царинска управа 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан