• недела, 22 декември 2024

Николас Кејџ: Сакам да го глумам капетан Немо

Николас Кејџ: Сакам да го глумам капетан Немо
Лос Анџелес, 11 април 2022 (МИА) - Холивудскиот глумец Николас Кејџ на „Редит“, призна дека „поради љубовта кон океанот“ негова неостварена желба е да ја толкува улогата на ликот капетан Немо, од познатиот роман на Жил Верн. „Би сакал да го глумам капетанот Немо, поради љубовта на тој лик кон океанот, што ја споделувам со него“, рече Кејџ, а запрашан дали го нервираат репликите на неговите ликови што луѓето ги извикуваат јавно, додаде: „Немам проблем со ниту еден цитат. Мило ми е што се сеќаваат на моите филмови“. Ѕвездата сподели и колку му се допаѓало да работи на неговиот последен филм „Свиња“, бидејќи тој бил „тивок“ и „природен“. „Ви благодарам. Сакав да се вратам на потивок, природен стил на снимање филмови откако направив серија луди улоги. Мојот филм повеќе личи на народна песна или стихотворба, а мојот лик Роб се бори со голема тага, како и јас - со наметната изолација и мислам дека ние како луѓе кои ја доживуваме пандемијата 2020-21 веројатно имаме слични чувства на загуба и изолираност. Ова е еден од моите омилени филмови и веројатно моето најдобро дело“, истакна 58-годишниот глумец.  си/сд/

Остани поврзан