Ники Минаж стана мајка
- Ники и Кенет се заедно од ноември 2018 година. Се венчаа лани.

Лос Анџелес, 2 октомври 2020 (МИА) - Раперката Ники Минаж и нејзиниот сопруг Кенет Пети станаа родители. Полот на бебето сѐ уште не се соопштува.
Ники и Кенет се заедно од ноември 2018 година. Се венчаа лани.
Рап-ѕвездата во јули им соопшти на обожавателите оти е бремена. Бебето е родено во Лос Анџелес. си/