• вторник, 09 декември 2025

Нејмар: Ќе го оперирам коленото, овие недели беа тешки за мене

Нејмар: Ќе го оперирам коленото, овие недели беа тешки за мене

Сантос, 8 декември 2025 (МИА) – Бразилскиот фудбалски интернационалец Нејмар ќе биде подложен на операција на коленото.

Триесет и тригодишниот напаѓач на Сантос, кој играше повреден на крајот од сезоната, постигна пет гола во последните четири натпревари од бразилското првенство. 

- Дојдов тука да му помогнам на тимот на кој било начин што можам. Овие недели беа тешки за мене. Им благодарам на сите што беа со мене и ме поддржаа. Да не беа тие, немаше да ги одиграм овие натпревари поради повреди и проблем со коленото. Треба да се одморам, а потоа ќе имам операција на коленото, објави Нејмар.

Клубот го задржа своето место во Серија А за следната сезона.

Нејмар играше само на 19 од 38 натпревари од првенството, кое започна во април. Тој постигна осум гола. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан