• четврток, 19 декември 2024

Нехамер набрзо ќе ја посети Украина

Нехамер набрзо ќе ја посети Украина
Виена, 5 април 2022  (МИА) - По телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, австрискиот канцелар Карл Нехамер следните денови ќе ја посети во Украина. Канцеларијата на Нехамер потврди дека канцеларот ќе отпатува во Украина со цел да обезбеди најдобра хуманитарна и политичка поддршка. Австрија досега има обезбедено околу 17,5 милиони евра од својот странски фонд за катастрофи за Украина, како и 10.000 шлемови и повеќе од 9.100 заштитни елеци за цивилна употреба. Австрија, која не е членка на НАТО, наскоро исто така ќе обезбеди дополнителна хуманитарна помош за Украина. Од безбедносни причини не се соопштени повеќе детали за патувањето на Нехамер. ми/

Остани поврзан