• петок, 05 декември 2025

Нетанјаху изјави дека граничниот премин Рафа ќе остане затворен до натамошно известување

Нетанјаху изјави дека граничниот премин Рафа ќе остане затворен до натамошно известување

Тел Авив, 18 октомври 2025 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека граничниот премин Рафа ќе остане затворен до натамошно известување, кратко откако палестинската амбасада во Египет соопшти дека преминот ќе се отвори в понеделник.

„Отворањето на преминот ќе биде разгледано во зависност од тоа како Хамас ќе го исполни својот дел од договорот - враќањето на телата на мртвите заложници и спроведувањето на договорената рамка“, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан