Неочекуван дует на „Коачела фестивалот“
- Меѓу песните беше и култната „Misery Business“ на „Парамор“ од 2007 година.

Лос Анџелес, 26 април 2022 (МИА) - Били Ајлиш ја изненади публиката на „Коачела фестивалот“ во саботата навечер изведувајќи неколку песни со пејачката од бендот „Парамор“, Хејли Вилијамс.
- О, погледнете! Празно столче. За кого е тоа?!, ги праша Ајлиш насобраните луѓе по што ја покани својата драга колешка на сцената. - Може ли, сите ние, да ѝ посакаме добредојде на мојата пријателка Хејли Вилијамс!?
https://www.youtube.com/watch?v=4Af8bGKUXJ0
Меѓу песните беше и култната „Misery Business“ на „Парамор“ од 2007 година. Изненадувачкиот дует стана хит на интернет. си/паг/